Роналдо се заканил дека ќе ја напушти репрезентацијата? Итно реагираше и португалската федерација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Португалскиот весник Рекорд денеска сензационално го објави својот „ексклузив“ дека Кристијано Роналдо се заканувал дека ќе ја напушти репрезентацијата!

Наводно, Роналдо не ја прифатил добро одлуката на селекторот Фернандо Сантос да го остави на клупата во осминафиналето против Швајцарија, но набрзо тоа се покажало како правилна одлука, бидејќи неговиот заменик Гонзало Рамос постигна хет-трик и забележа една асистенција.

Рекорд тврди дека Роналдо бил бесен и одбил дури и да тренира следниот ден, наместо тоа да вежба полесен тренинг во теретана со другите стартери.

Веста брзо се прошири на социјалните мрежи, не помогнаа ниту неговите верни „слуги“ на социјалните мрежи, Георгина Родригез и сестрата на Роналдо, кои често ја користат секоја прилика да застанат во негова одбрана.

„Тој остана на клупата, оставете ги другите да играат, сето тоа е дел од работата и тоа е добро. Само барам од 1% губитници и лицемери да престанат да бидат во раката што ги хранеше. Поддржете ја Португалија кој и да игра. Португалија е тим, не е само Роналдо. Почитувајте го тој тим, а особено Роналдо, бидејќи тој е вечен и никогаш нема да биде заборавен за сето она што го направи и ќе го направи“, напиша сестрата на Роналдо, Катја Авеиро.

Работата отиде дотаму што португалската фудбалска федерација одлучи денеска да излезе со официјално соопштение.

„Категорично демантираме дека капитенот на нашата репрезентација Кристијано Роналдо се заканувал дека ќе ја напушти репрезентацијата за време на Светското првенство. Кристијано Роналдо постави многу рекорди за репрезентацијата, тој е исклучително посветен и се што направи за нашата репрезентација мора да се почитува. Репрезентацијата, сите играчи, селекторот и членовите на стручниот штаб и членовите на Здружението од првиот ден се обединети во идејата на најдобар можен начин да се претстави Португалија на Светското првенство.“ соопшти Португалската фудбалска федерација.