Рубио: Следните денови ќе се види колку се сериозни намерите на Путин за мир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот државен секретар Марко Рубио во понеделникот изјави дека следните денови ќе се утврди дали рускиот претседател Владимир Путин е сериозен за мирот во Украина, пренесе Ројтерс.

Во интервју за „Си-Би-Ес“ рече дека разговарал за како што рече, тешките услови за работа во американската амбасада во Москва, кога разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, за време на неодамнешниот телефонски разговор.