Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, разговарале за реструктуирање на огромниот јавен долг на оваа јужноамериканска земја, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио.
Рубио изјави дека до кратката, но важна средба меѓу Трамп и Родригез дошло синоќа, на приемот што американскиот претседател го приреди на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, пренесува Ројтерс.
Средбата се одржала за време на првата посета на Родригез на САД откако американските сили во јануари го заробиле тогашниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, во воена операција.
