Расте бројот на поплаките на бизнис секторот. Нивните незадоволства ги пренесоа градоначалниците на руралните општини во емисијата „Клик Плус“.
-Поплаките на бизнис секторот и понатаму растат, бидејќи нормално, како што реков и претходно, живеат од ангажманот и нивната работа-вели Блерим Сејдиу, градоначачник на Општина Желино.
-Сите се соочуваме со ист проблем, како што е проблемот на малиот и средниот бизнис во ова време на пандемија-рече Исен Шабани, градоналачник на Општина Врапчиште.
Една од одлуките на Владата беше земјоделците во руралните средини да се движат слободно и да ги извршуваат нивните активности. Но, доколку земјоделските површини што ги обработуваат се наоѓаат во друго село, треба да извадат дозвола за движење.
-Сите земјоделци кои ќе ја обработуваат нивната земја во нивните село каде живеат, нема да имаат потреба од дозвола од ниту една надлежна институција. Додека, земјоделците кои имаат земја во околните села, треба да достават барање до Подрачната единица на Министерството за земјоделство.
Првиот човек на Струга, Рамиз Мерко, говореше за туристичките работици.
-Туристичките работници се во незавидна состојба и мислам дека централната власт треба да преземе мерки во овој правец-вели Мерко.
Градоначалникот на Кичево пак, Фатмир Дехари, вели дека месецов имаат 50% намалување на буџетот.
-Ако се направи споредба со претходната година за истиот месец, во март имаме 50% пад на општинскиот буџет, на општинските приходи-изјави Дехари.
Дехари побара Кичево да се прогласи за стерилна зона, бидејќи нема ниту еден заразен со Ковид-19 и градот да продолжи со нормален живот, држејќи социјална дистанца.
