Русија се огласи за Нагорно Карабах: Веднаш престанете!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Официјална Москва побара од Ерменија и Азербејџан итен прекин на огнот во Нагорно Карабах.

„Ги повикуваме сите актери, и внатрешни, како и надворешни, да покажат максимална воздржаност на терен и во меѓусебната комуникација. Неопходна е максимална внимателност за да се постигне моментален прекин на огнот и враќање на преговарачка маса“, наведе заменик рускиот министер за надворешни работи, Андреј Руденко.