Руски брод потона кај Турција: Двајца загинаа, 5 спасени морнари! (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најмалку пет лица беа спасени, а две загинаа откако 13-член руски товарен брод потона денес покрај брегот на турската црноморска провинција Бартин.

„Пет лица беа спасени од руски товарен брод“, рече гувернерот на Бартин, Синан Гунер, како што пренесе ТАСС, повикувајќи се на Анадолија.

Руската амбасада во Анкара објави дека дипломатите работат на откривање на судбината на екипажот, а причината за несреќата засега не е позната. 

Во меѓувреме, пристигнаа лоши вести, бидејќи гувернерот Гунер објави дека загинале најмалку две лица од бродот.

„На бродот имаше 13 лица, сите руски државјани. Досега знаеме дека пет лица беа спасени, а исто така пронајдовме и две тела на починати морнари“, рече гувернерот.

Гувернерот на Бартина, Синан Гунер, изјави денеска дека бродот со сув товар потонал во близина на брегот на регионот Инкуму, додавајќи дека нема извештаи за жртви, пренесува Ројтерс повикувајќи се на државната новинска агенција Анадолија.

Како што се наведува, временските услови се лоши и спасувачките екипи имаат проблеми со пловењето.