Обвинителката Вилма Русковска по исказот на Бојан Јовановски – Боки 13 денеска во судот за случајот „Рекет“ изјави дека за сето она што Јовановски го кажал нема докази.
„Јовановски изнесе многу работи за кои нема никакви докази, и не е вистина. Треба да се има докази, а може секој сешто да каже“, рече Рускоска.
Таа рече дека телефонот на Боки го демантира исказот околу торбата.
„Што се однесува до торбата, во анализата на неговиот мобилен уред има слика и точна локација со родителите каде што живеат. Точното време се совпаѓа со напуштањето на куќата на Камчев, и торбата е внатре во куќата кај неговите родители. Тој доказ беше презентиран и доставен до Судот“, рече Русковска.
Таа истакна дека обвинителството смета дека Милевски не треба да биде повикуван за сведок, и дека одбраната на Јовановски се темели врз обвинувања врз Милевски.
