Рускоска не се покаја за Муареми – повторно се кандидира за шефица на Обвинителството за гонење криминал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Како осомничена за злоупотреба на службената позиција и фалсификување документи, обвинителката Вилма Рускоска влезе во зградата на Основното обвинителство за да даде изјава. Против неа беше покрената тужба од екс директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, но Рускоска не се покаја за ниту една постапка спроведена во Управата на Финансиската полиција, а очекува тужбата да се отфрли.

Изготвен е извештај за досегашното постапување на обвинителката Рускоска а сите процедури против неа таа ги оценува како притисок врз сите обвинители да внимаваат против кого започнуваат истражна постапка.

Изјави дека во минатото против неа имало закани и притисоци од извршната власт, но не ги сфаќа сериозно и не ги пријавила во Советот на обвинители бидејќи не ги сметала за оправдани

Дисциплинската постапка против неа е во тек, а Рускоска денеска информираше дека повторно се кандидирала за шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Утрово беше сослушана и обвинителката Елизабета Јосифовска а утре се очекува да даде исказ и обвинителката Ивана Трајчева.