Рускоска: Отворена истрага за набавка на софтверот на ДИК кој беше хакиран на денот на изборите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинителството за организиран криминал и корупција, утрово влезе во Државната изборна комисија за да ја одземе документацијата околу ДИК и компјутерската фирма која ја изработи апликацијата за следење на резултатите на изборите.

Ова го потврди шефицата Вилма Рускоска во изјава за „Сител“.

„Поднесовме барање до судија на претходна постапка за даде наредба за претрес поради сомневања за јавната набавка. Ќе ја провериме законитоста на јавната набавка“, рече Рускоска за вестите на „Сител“.