Обвинителката Вилма Рускоска за ТВ21 потврди дека отворила предистражна постапка за потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„По допрен глас отворивме предистражна постапка по што ќе се знае дали ќе има отворање на истрага. Сега ќе испитуваме за да видиме дали има дело. Ако има и докази, треба да се соберат“, вели обвинителката Рускоска за ТВ21.
Обвинителката не сакаше да прецизира дали предистражната постапка се однесува само на перење пари или и на други дела и без да каже дали со предистражната постапка е опфатен само Николоски или има и други лица.
