Русковска: „Не знам зошто Јанева земаше пари за чување тајни кога Јовановски го знаеше предметот Империја подобро и од Стефанова“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во завршните зборови, обвинителката Вилма Русковска го коментираше исказот на Бојан Јовановски кој истакна дека никогаш не потрошил државни пари и не работел државна работа.

Русковска на ова рече: „Па немал потреба, затоа што трошел многу пари од приватни лица“.

Русковска рече дека одбраната на Јовановски не доставила доказ дека бил вработен во МТВ и во А1, и дека не можел да има легални приходи со блокирана трансакциска сметка. Дека не е вистина тоа што тој бил таен сопственик на 1ТВ.

Обвинителството истакна дека има докази дека покрај тоа што Јовановски и Јанева разговарале за семејни и љубовни работи, разговарале и за предмети од СЈО.

Таа истакна дека не знае зошто Јанева земала пари за да чува тајни, кога Јовановски го знаел предметот „Империја“ подобро и од обвинителката Лиле Стефанова.