Вилма Русковска во завршните зборови денеска рече дека не се точни наведувањата во исказот на Бојан Јовановски дека се видела со Камчев во јануари 2019 година.
„Точно е дека Камчев во јануари 2019 година побара да дојде во обвинителството за да презентира докази дека му биле барани пари од СЈО, но јас одбив затоа што не му верував во тоа“, рече Русковска која дополни дека првата средба со него се случила на 2. мај истата година кога Камчев ги презентирал сите докази за случајот.
Таа ги означи како невистини исказите на Јовановски дека бил запознаен за предметот уште во април од Зоран Заев, кога, како што кажува Русковска, тогаш предмет не постоел, туку се отворил подоцна.
