Сѐ уште се чека на вакцините од Србија, од регистрацијата зависи нивната употреба?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се уште не е познато кога ќе пристигнат вакцините од Србија. Првиот човек во здравството вели дека сме подготвени и со план за спроведување и со места за чување. Според министерот Филипче, информацијата ја чекаме од српските власти. Но од Србија денеска стаса изјавата на српската премиерка Ана Брнабиќ. Во изјава за српски медиум таа напомена дека нивните власти им помагаат на македонските соседи за да ги регистрираат вакцините Фајзер.

„Ние во моментов работиме на тоа, им помагаме вакцините на Фајзер да се регистрираат во Северна Македонија,затоа што ако не се регистрирани тогаш практично не можат ниту да се вакцинираат во Северна Македонија“, рече Брнабиќ.

„На техничко ниво ние разговараме со преставниците на српското министерство за здравство во нашата земја и сега има законска регулатива со која што може да се внесе лек или препарат или вакцина која не е регистрирана и тоа се нарекува постапка за интервента, увоз. Во однос на планот, јас убаво ја проверив изјавата на Брнабиќ, таа воопшто не се осврнува на тоа и тоа секако не е вистина“, вели Венко Филипче.

Филипче го прифаќа предизвикот од Премиерот Заев и ќе се вакцинира прв, со цел како што рече, да даде пример кај граѓаните и да го разбие нивниот скептицизам. Граѓаните пак поделени околу одлуката да се вакцинираат.

„Немам потреба кој ми гарантира дека та вакцина е добра,ќе речете цел свет. Знаете што оваа фармацевската индустрија” крои”…
„Повеќе Да отколку НЕ,сакам уште некои податоци да соберам за вакцините“
„ Па,да,како за сите и за мене,не сакам да бидам јас проблем да заразувам во околината“

Владата го губи времето додека народот умира на рати , реагираше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски. Толку се неспособни што дури и подарени вакцини не умеат да ги применат, стои во реакцијата на Мицковски по изјавата на српската премиерка .