Сѐ уште се градат првите 2 километри од автопатот Скопје – Блаце, се очекува да заврши кон средината на годината, но нема конкретен датум

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Продолжуваат работите од првата фаза на автопатот Скопје-Блаце. Тие треба да бидат завршени до средината на 2022 година, но не се знае  точниот датум кога“, вели репортерката на ТВ21.

Всушност, беше ветено дека градежните работи  ќе започнат пролетта 2019 година.

„Пролетва почнува изградбата на патот Скопје-Блаце, јас ги предводам последните шест месеци“, рече Бујар Османи.

Сега сме  пролет 2022 година, а се градат  само првите 2 километри. Изградбата на првата фаза започна по експропријацијата на земјиштето. Ова е една од причините за доцнењето, вели директорот на „Државни патишта“ Ејуп Рустеми, додавајќи дека проблем е и положбата на земјиштето.

„При експропријацијата на сите парцели во делот на кој треба да се работи, имавме 6 месеци доцнење и беше договорено до крајот на февруари, почеток на март 2022 година, овој дел да биде завршен. Овој дел треба да биде завршен до септември доколку немаме други непредвидени работи на тој пат, иако се работи со полн интензитет на првите 2 километри“, рече Рустеми.

Во меѓувреме, министерот Бујар Османи, кој ја координираше работата, на прашањето за доцнењето рече дека има две опции, изградбата да се остави за подобри времиња кога ќе имаме пари или да почнеме да ги користиме расположливите средства, па кој и да дојде да не може да ја запре изградбата.

„За тој краток временски период додека го координирав проектот поставив камен-темелник на автопат и не може да не се заврши“, вели Османи.

Нема конкретен датум за завршување.

„Откако ќе го добиеме кредит трансферот во Собрание и ќе ги започнеме процедурите, тогаш ќе ги имаме точните роковите кога ќе заврши автопатот Скопје-Блаце“, рече Рустеми.

Министерот за транспорт Благој Бочварски изјави дека работите од првата фаза се очекува да завршат кон средината на 2022 година, но ни тој не даде прецизен рок. За вториот дел од 10 километри, Рустеми вели дека е направен идејниот проект кој е поминат во Влада и се очекува до јуни да има договор за заем, а откако ќе помине во Собрание ќе започне постапката за избор на изведувач.