И третиот домаќин Соединетите Американски Држави испаднаа од Светското првенство 2026 година, по синоќешниот пораз од Белгија 1:4 во Сиетл.
Најпрво многу прашина крена овој меч пред самиот почеток, откако ФИФА го помилува напашѓачот на САД Фоларин Балогун, кој и покрај црвениот картон, на крајот настапи за својата селекција, но не постигна гол. И неговото присуство на теренот не ги попречи Белгијците да дојдат до посакуваниот триумф.
Белгија уште во 9. минута поведе со голот на Де Кетеларе. Во 31. минуа Тилман успеа да го израмни резултатот, но само две минути подоцна Де Кетеларе ја врати предностан а 2-1 која беше актуелна на полувремето.
Ванакен во 57. минута донесе 1-3, а конечните 1-4 ги постави Лукаку со гол во судиското надополнување.
Сите голови и најинтересни моменти може да ги погледнете на следниот ЛИНК.
