САД ќе ослободи 172 милиони барели нафта од своите стратешки резерви на нафта во обид да ги намалат цените на нафтата што се зголемија поради прекините во снабдувањето предизвикани од војната меѓу САД и Израел против Иран, изјави во среда американскиот министер за енергетика Крис Рајт.
Рајт рече дека тоа е дел од поширокото ослободување од 400 милиони барели нафта договорено претходно во текот на денот од страна на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).
Тој додаде дека пуштањето на нафта ќе започне следната недела и дека испораката ќе трае приближно 120 дена.
„Претседателот Трамп вети дека ќе ја заштити енергетската безбедност на Америка преку одговорно управување со стратешките резерви на нафта, а оваа акција ја покажува неговата посветеност на тоа ветување“, рече министерот за енергетика.
ИЕА соопшти дека 32 земји-членки го поддржале договорениот потег, што претставува шесто координирано ослободување на залихи од основањето на агенцијата во 1970-тите.
Од почетокот на војната, пловидбата низ Ормутскиот теснец, преку кој обично се транспортира една петтина од глобалната нафта и течен природен гас, беше отежната.
Иран во средата изјави дека светот треба да биде подготвен за нафта од 200 долари за барел, додека неговите сили продолжуваат да напаѓаат трговски бродови во Ормутскиот теснец.
The United States Department of Energy says it will release 172 million barrels from the strategic petroleum reserve “beginning next week,” as the Middle East war disrupted oil prices. #US https://t.co/46tgQOMzzO
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) March 12, 2026
