Потенцијалниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин „во голема мера ќе зависи од тоа дали и до кој степен можеме да постигнеме напредок во завршувањето на војната во Украина“, изјави во четвртокот американскиот државен секретар Марко Рубио.
Рубио појасни дека разговарал за можноста за организирање таков самит на разговорите што ги имал со неговиот руски колега Сергеј Лавров. Тој објасни како му рекол на г. Лавров и останатите членови на руската дипломатија дека „нема да има средба додека не се знае што ќе вклучува таа“.
„Општо земено, вие не организирате вакви состаноци пред да знаете за исходот или дека е постигнат некаков напредок“, додаде шефот на американската дипломатија, говорејќи во интервјуто со новинарката Кетрин Хериџ, емитувано на Х.
„Значи, мислам дека кога ќе се случи овој состанок, ќе зависи од тоа дали и до кој степен можеме да постигнеме некаков напредок за завршување на војната во Украина, и дали сме го постигнале тоа, и ако овој самит го запечати договорот, мислам дека сите треба да го поздрават фактот дека претседателот Трамп е миротворец“, додаде тој.
Изминативе денови извори од двете земји објавија дека средбата меѓу двајцата претседатели најверојатно ќе се одржи до крајот на месецот.
