Стејт департментот на Соединетите Американски Држави (САД) денеска вети дека ќе обезбеди дополнителни 267 милиони долари за борба против избувнувањето на епидемијата на ебола во централна Африка.
Високи претставници на Стејт департментот ја најавија мерката на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации и ги повикаа другите земји да им помогнат на африканските држави, пренесе Ројтерс.
Премиерката на Конго, Жудит Суминва Тулука, ја опиша епидемијата на ебола како голем тест за земјата.
