САД воведоа санкции за поранешниот грузиски премиер Бидзина Иванишвили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот Стејт департмент воведе санкции за поранешниот грузиски премиер Бидзина Иванишвили, кој според многумина е најмоќната личност во земјата, објавија Ројтерс и АФП, повикувајќи се на изјава на државниот секретар Ентони Блинкен.

Блинкен го обвини Иванишвили дека ја „поткопува демократската и евроатлантската иднина на Грузија во корист на Руската Федерација“.

Дејствијата на Иванишвили, кој нема официјална политичка функција, како и оние на владејачката партија Грузиски сон, чиј основач е тој, „ги ослабуваат демократските институции, овозможуваат кршење на човековите права и го менуваат остварувањето на слободите во Грузија“, истакна тој во изјавата на Блинкен, остро осудувајќи го „бруталното задушување“ на партијата врз про-ЕУ демонстрациите што ја потресоа земјата во последните недели.