Судијата Садула Изаири од Основниот суд Тетово освои најмногу гласови на непосредните избори за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на етничките заедници кои учествуваат со над 20 отсто во вкупното население на државата.
За Изаири гласаа 179 судии од вкупно 390 кои го искористија своето право на глас.
Изборниот процес се одвиваше вчера во периодот од 8 до 15 часот, на избирачки места организирани во сите судови во земјата.
Прелиминарните резултати беа јавно соопштени на седница одржана во салата за состаноци на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
