Иако нацрт-законот за фер и соодветна застапеност не предвидува казнени мерки, вицепремиерот Беким Сали вели дека тој ќе биде почитуван, објави ТВ21. Сали рече дека гарант е Владата.
„Ние сме гаранти за ова, што значи дека Законот ќе се почитува и дека ќе се спроведува фер и соодветна застапеност во административниот систем на оваа држава. Секако, Законот предвидува формирање или креирање на подзаконски акти, кои по потреба можат да се одобрат, а потоа да се постапува по нив во иднина. Знаете дека законот предвидува формирање на координативно тело кое ќе го води првиот заменик-премиер на владата, а ќе бидат вклучени и повеќе министри“, рече Сали.
