Македонија ќе ја има втората најевтина репрезентација после Финска на Европското првенство кое ќе се одржи следната година.
Од оние кои се пласираа на Европското првенство идната година, селекцијата Финска чини само 34,6 милиони евра. Македонија е речиси двојно повеќе, односно 63,2 милиони евра, додека репрезентацијата на Унгарија е 69,3 милиони.
Најскапа селекција на ЕВРО 2021 година ќе биде Англија со 1,4 милијарди. Втора е Франција со 1 милијарда, а Шпанија трета со 842 милиони евра.
Македонија ќе биде во групата со Австрија, Украина и Холандија.

