Санкционирани 52 возачи за брзо возење на автопат Скопје – Велес

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 52 возачи.

Како што соопшти МВР, притоа 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.