СДСМ бара надзорна расправа за Закон за македонски јазик – Костадиновска-Стојчевска: За власта македонскиот јазик треба да биде приоритет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Опозициската СДСМ побара од претседателот на Собранието Африм Гаши да овозможи одржување надзорна расправа за Законот за употреба на македонскиот јазик. Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска обвини дека власта две години нема имплементирано ниту една одредба од овој закон и покрај барањата на опозицијата. Ваквата реакција доаѓа откако деновиве претседателката на Советот за македонски јазик Симона Груевска Маџоска си поднесе оставка со обвинување дека министерот за култура Зоран Љутков ја игнорирал работата на Советот за заштита на македонскиот јазик.

„Македонскиот јазик не треба да биде тема која се споменува само во свечени говори и пригодни обраќања туку треба да биде меѓу првите приоритети во културните и државните политики. Затоа денес поднесуваме ургенција до претседателот на Собранието Африм Гаши да му наложи на матичното работно тело одржување на надзорната расправа за законот за употреба на македонски јазик.“, рече Костадиновска-Стојчевска.