Во приговорот на коалицијата “Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ поднесен до ДКСК се вели дека на независниот кандидат за градоначалник на Куманово му е овозможено да се рекламира повеќе на рекламни паноа од дозволеното според Изборниот законик, што е директно на штета на коалицијата.
Ако од ДИК му се одобрени 3 локации за рекламирање тој користел 9. Останатите се обезбедени преку системот прв дојден прв услужен.
„Во приговорот се наведува дека со низа дејствија на независниот кандидат за градоначалник на Куманово предложен од група на избирачи Максим Димитриевски му е овозможено да користи поголем број на рекламни паноа од со закон предвидените 10%“, истакна Билјана Ивановска.
ДКСК побарала од општина Куманово да достави одлука за локации за реклами паноа кои ќе се користат во изборниот период. Ппобарале и податоци од ДИК за ждрепката за распределба на локациите за политичко рекламирање преку рекламни паноа.А во одговорот на Димитриевски по повод приговорот се вели:
„Кандидатот постапи согласно членот 78 став 7 од Изборниот законик. Доколку некоај политичка партија, коалиција или кандидат не го искористи вкупниот процент на закуп на рекламни паноа и билборди или извлечените локации, останатите политички партии, независни кандидати имаат право на закуп на истите“.
Во приговорот на „Левица“ до ДКСК пишува дека кандидатката за градоначалничка на Град Скопје на претстојните локални избори Данела Арсовска нема склучено договор за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, па според нив:
„Пријавената со признат статус на учесник во изборната кампања согласно изборниот законик не може да ги користи правата за платено политичко претставување и финансиските средства за политичко рекламирање кои и следуваат на опозициската Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.
Во изборниот законик не е предвидена одредба за задолжително склучување договор за коалиција како би можел независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје да користи права за медиумско претставување кои му следуваат на друг политички субјект стои во одговорот на Арсовска до ДКСК. Таа се повикува на точка 5 од упатството за платено политичко рекламирање на локалните избори донесено од АВМУ.
„Во конкретниот случај воопшто не постои незаконско финансирање на кампања на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска се вели во произнесувањето на Данела Арсовска, за да биде јасно, ниту пак постојат било какви индиции за корупција или судир на интереси или било каква друга активност која спаѓа во доменот на ДКСК“, вели Нури Бајрами.
И двата приговори беа одбиени поради тоа што наводите во приговорите не се потврдени.
