СДСМ: Граѓаните да не дозволат враќање на режимот, со нас државата ќе има европска иднина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

СДСМ повика граѓаните да излезат на гласање и да одлучат за иднината на државата.

„Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се работи за иднината на државата.

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на ДПМНЕ како она на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните. 

Со Мицкоски и ДПМНЕ ни следи враќање 20 години назад, изолација, уривање на слободата на медиумите, внатрешни поделби и оддалечување од европскиот пат. Тоа носи сериозни негативни последици кон иднината на Македонија“, стои во соопштението на СДСМ.