СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека ги руши позициите на Македонија во преговарачкиот процес со Бугарија. Велат дека во периодот кога се решава евроинтегративниот процес на државата, ВМРО-ДПМНЕ шири лаги и ја плаши јавноста за асимилација и бугаризација на државата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија доживува „нокаут“ и уништување на преговарачките позиции со Бугарија, а за ова, како што велат од паријата, виновни се премиерот Ковачевски и министрите Османи и Маричиќ. Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквите обвинувања од страна на СДСМ се прават со цел дефокусирање на јавноста од неуспехот на преговорите со Бугарија.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговорност и оставка на целата Влада, додавајќи дека решение се само предвремени парламентарни избори.
