„СДСМ ќе нема успех се додека не се ослободи од екипажот на потонатиот брод“, рече политикологот Иво Ранѓеловиќ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Политикологот Иво Ранѓеловиќ во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше за состојбата во СДСМ, и за вчерашниот Централен конгрес на партијата.

Тој смета дека се додека СДСМ не се ослободи од екипажот на минатата власт, која катастрофално ги загуби изборите, ќе нема успех, и ВМРО-ДПМНЕ ќе се чувствува комфорен.

„Во очите на Филипче се гледа ликот на Зоран Заев, се гледа нивната блискост. А, една од причините за падот на СДСМ е токму Заев, гордиевиот јазол зе врзува до тоа име и презиме. И се додека е така, ВМРО-ДПМНЕ е комфорен, па мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе издвои убедлива победа и на следните локални избори, па дури и подобра од парламентарните. Се додека не се ослободите од тој екипаж на понатиот брод, вие не сте нов, и не сте интересен за јавноста“, рече Ранѓеловиќ.