СДСМ контра антикорупционерите: „Да се повлече и преиспита одлуката за Бојан Христовски“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СДСМ бара Антикорупциската комисија веднаш да ја повлече и преиспита одлуката за директорувањето на Бојан Христовски во Агенцијата за национална безбедност. Според социјалдемократите, мора да се расчисти дали имало конфликт на интереси во Комисијата, бидејќи антикорупционерката која го гледала случајот со факултетската диплома на Христовски, наводно предавала на истиот Универзитет.

„Членка на ДКСК, која беше задолжена за овој случај и ја реферираше одлуката дека „сè е во ред“ со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на истиот универзитет од каде што е издадена спорната диплома. // По објавата на прилозите во медиумите, Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска од наставен кадар на интернет страницата“, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.

Комисијата тврди дека нема судир на интереси.

Антикорупционерите повторија дека одлуката ја базирале на надзорот што во Универзитетот бил извршен од Државниот просветен инспекторат.

СДСМ бара преуспитување на одлуките на Инспекторатот, бидејќи, како што додаваат, новиот директор на АНБ, Христовски успеал експресно да дипломира за само една година, иако студиите траат четири години. Претходно, Инспекторатот и антикорупционерите истакнаа дека нема ништо спорно со неговата факултетск диплома.