СДСМ: Наставниците да го гледаат интересот на децата, опозицијата бара да престанат заканите до штрајкувачите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најголемата партија на власт бара од наставниците приоритет да им биде интересот на учениците и образовниот процес. Од оваа партија истакнуваат дека додека тие се на власт,платите на наставниците се зголемени за над 21%.

Шриељ исто така упати апел до ВМРО-ДПМНЕ да престанат со партизирање на штрајкот на СОНК бидејќи, како што рече, тоа е на штета и на наставниците и на учениците. Но од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат СДСМ да не го попречува штрајкот и наместо закани да ги исполни барањата на наставниците.

„СДСМ да не се обидува да го попречува правото на штрајк, наместо закани да ги исполни барањата на наставниците. Синдикатите имаат право на штрајк, а наставниците и вработените во градинките право да бараат тоа што со закон им следува. Платите во образованието треба да се усогласат со Колективниот договор, и на нивелирање на коефициентот на сложеност на работните места според растот на минималната плата“, велат од ДПМНЕ.

И албанските опозициски партии го поддржаа штрајкот и наставниците.

„Апелираме до Владата што поскоро да најде решение за барањата на СОНК бидејќи од штрајкот никој нема корист, особено учениците. Со усогласување на минималната плата и нејзино множење со сложеноста на работното место, ќе се избегне еквилајзерот каде луѓе со различни работни места и различни занимања добиваат иста плата“, велат од БЕСА.

„Алијансата за Албанците ја потсетува јавноста дека на ваквата состојба се предупредуваше и реагираше уште пред две години, барајќи промена на диктаторскиот закон со кој на наставниците им се ускратува правото на штрајк и им се заканува замена доколку штрајкуваат“, велат од АА.


Незадоволни од платите, денеска наставниците излегоа на штрајк поради што во повеќето училишта не се одвиваше настава.