СДСМ денеска обвини дека власта не ги почитува донесените измени на Законот за јавниот долг.
– Кога опозициските пратеници не учествуваа во работата на Собранието, власта по скратена постапка изгласа промена на Законот за јавен долг. Целта беше нереално да се прикаже вистинската сума на јавниот долг, наведува СДСМ во соопштението.
Согласно овој закон, додава СДСМ, вицепремиерот Зоран Ставрески имаше обврска, вчера, на 30 октомври 2015 година, да објави колкав е државниот и јавниот долг.
– Рокот измина. Ставрески го прекрши законот, долгот не е објавен, стои во соопштението на опозициската партија.
