СДСМ: Поддршката за Филипче е огромна и реална, монтажите од штабот на ВМРО-ДПМНЕ се нечовечко партиско профитерство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Додека цела држава жали ВМРО-ДПМНЕ монтира и шири лажни вести за министерот Венко Филипче.“, вратија од СДСМ на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека за Филипче има партиски инструкции за негова одбрана.

„Работата и посветеноста на Венко Филипче и неговите дела се препознаени од граѓаните и ниту еден фотошоп и  манипулации не можат да го избришат тоа.

Јавноста уште еднаш сведочи на нечовечно некрофилско однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се  извор на лажни вести, посочени и во студија финансирана од ЕУ.

Нивните деструкции и лажни вести , се препознаени од граѓаните и затоа нема да им поминат и овојпат повторно ќе бидат поразени на избори.“, се вели во соопштението на СДСМ.