СДСМ реагира на критиките на Мицкоски кон дел од обвинителството

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СДСМ реагираше на критиките што премиерот Христијан Мицкоски ги упати кон дел од обвинителството за време на свечената академија на Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј, тврдејќи дека тој постојано му диктира задачи на јавниот обвинител Савески и оценувајќи го неговиот став како „скандалозна нарачка“.

Од опозициската партија велат дека ваквите изјави се причина зошто нема напредок во реформите и евроинтеграциите. „Затоа нема правда во Македонија, затоа нема реформи, затоа сме заглавени и со блокиран европски пат“, соопштија од СДСМ.

Воедно, од СДСМ побараа и оставка од јавниот обвинител, велат дека по овие изјави на премиерот, „најмалку што може да направи Савески е да си даде оставка, уште денеска“.