СДСМ со нова реакција по повод рушењето на една од трите галии на реката Вардар. Откако Петре Шилегов објави дека се руши едната галија, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ од каде посочија дека тоа е само еден маркетинг, и му порачаа на Шилегов да продолжи кон неговата, како што велат „зграда дивоградба“.
„Рушењето на Галијата изведено согласно сите правни услови е чистење на остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ што зад себе го остави во главниот град по 27 години владеење.
Се понервозни се во ВМРО-ДПМНЕ онака како што наближуваат изборите. Знаат дека се се поблиску до нов изборен пораз па затоа секојдневно ги засилуваат лажните вести, конструкциите и празните закани кон градоначалникот Петре Шилегов.
ВМРО-ДПМНЕ го запусти Скопје трошејќи стотици милиони евра на барок, гипс фасади, галии, споменици и палми додека цели населби беа без основни услови за живот. “, велат од СДСМ.
