Се бара Ислам Лумани од Крани – „нема големи индиции и докази дека лицето се наоѓа во водите на Преспанското Езеро“, вели градоначалникот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веќе недела дена, полициските служби од полициската станица- Ресен, специјални полициски единици , дирекцијата за спасување , екипи на пожарникарните и ренџерските служби и локалното население активно учествуваат во потрагата на лицето Ислам Лумани од село Крани.

„Се до овој момент, нема големи индиции и докази дека лицето се наоѓа во водите на Преспанското Езеро или неговото крајбрежје. Истрагата продолжува понатаму, а секој оној што го видел или некаде го препознал Ислам Лумани, да пријави во најблиската полициска станица или на бројот 192“, вели градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.