Се бетонира Чаир! Граѓаните: Како во Бангладеш – Ганиу: Ова е само привремено решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Синоќа на полноќ бетонскиот ѕид кај Чаирчанка е уште повеќе продолжен. Сега речиси целата улица Цветан Димов е поделена на два дела. Граѓаните за поставувањето банкини со поделени мислења. Некои велат ова е добро за полесно сообраќање на автомобилите, а некои беа против.

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу вели дека со поставувањето на банкините намален е бројот на сообраќајни незгоди на оваа улица. Тој вели дека овие банкини ќе бидат привремени.

„И јас се согласувам дека ова не е најдобро решение за улицата Цветан Димов. Во моментов е решение кое заедно со сообраќајни експерти го осмисливме и го поставивме на улицата Цветан Димов“, истакна градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Според градоначалникот на Чаир, улицата Цветан Димов во Чаир ќе се прошири со што ќе биде погодна и за движење на брзите автобуси.