Се дистрибуира гласачкиот материјал – за прв пат ќе гласаме со биометриска идентификација

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола до 80 општински изборни комисии и Градот Скопје под силно полициско обезбедување, започна дистрибуцијата на гласачкиот материјал.

„Има многу материјали, како што знае целата јавност имаме рекорден број на листи на независни кандидати и независни листи, имаме повеќе коалиции, така што имаме многу материјали за носење и се надевам дека во вториот круг, не се надевам сигурен сум, дека ќе се намали таа бројка бидејќи ќе немаме советнички листи ќе имаме по два кандидата, а во некои општини ќе заврши и во првиот круг, така што ќе биде помала работата“, истакна Александар Даштевски.

Поради рекордниот број на листи и кандидати, потрошени се и реорди 60 тони хартија за нивно печатење.

„Беа 80 општини, значи, совет, градоначалник, тоа се 160 различни ливчиња, 10 општини Скопје, совет и градоначалник, значи 180 различни ливчиња. Во овие 180 има двојазички, тројазични имаме на сите јазици, македонски, македонско-албански, македонско-турски, македонско-српски, македонско-ромски и албански. Толку врсти на ливиња, вели Драги Милошевски.

Локалните избори ќе се одржат во недела на 17 октомври на 3480 избирачки места,  а за првпат на овие избори идентификацијата на гласачите ќе се врши со уреди за биометриска идентификација односно со отпечаток од прст.

На изборите  ќе се применуваат мерки за заштита од ширење на Ковид.  Еден ден порано, односно во сабота, први ќе гласаат болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, затворениците, лицата во притвор и во старските домови.