Се гради модуларна поликлиника во Бутел – зошто е изменет планот за изградба?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се гради модуларна поликлиника во Бутел. Работниците го поставуваат кровот… 

Првично на оваа место требаше да биде изградена зграда, но здравствените власти одлучија да изградат седум модуларни објекти, бидејќи цврстите градби бараат повеќе време и се поскапи. Оваа опција им се чинела поевтина.

„Седум бараки во седум скопски општини кои функционираа како поликлиники, се заменуваат со модуларни објекти. Еден од нив е овој во општина Бутел кој е во процес на изградба. Градоначалникот на о.Бутел изјави дека ова ќе биде зграда, но проектот не е реализиран“, вели репортерката на ТВ21.

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски вели дека општината нема ингеренции да одлучува околу видот на објектот, но е задоволен од градбата. Вети уште еден поликлинички објект кој ќе го открие во изборната кампања. 

На прашањето дали граѓаните треба да стравуваат да се лекуваат тука, по случајот со пожарот во Тетово, Смилевски со одговор:

Инаку, Филипче во септември минатата година најави модуларни објекти во населбите Ѓорче Петров, Бутел, Карпош, Аеродром и Ново Лисиче. Ја избрале оваа опција бидејќи е поевтина, побрза и енергетски поефикасна.

Изведувачите на модуларните објекти се компаниите „Брако“ од Велес и „Ари и Том“ од Валандово. Материјалот од кој главно се градат се панели од дрво.