Се објавуваат експлицитни фотографии и видеа од жени – жртвите се злоупотребуваат, се уценуваат и добиваат закани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Експлицитни приватни фотографии и видеа на жени и девојки се објавуваат на неколку социјални мрежи. Фотографиите се преземени од јавните профили и приватните разговори. Лицата ги уценуваат и им се закануваат на жртвите, а упатуваат и повик за да ги обелоденат, како што велат тие, „нечесните жени“. Целта на тоа, според активистката за правата на жени, Салија Бекир Халим, е валкање на честа и репутацијата на жените. Откако таа го крена гласот, беше објавена и нејзина слика со цел таа да ја потцеат.

Од МВР се известени за случајот и моментално работат на приведување на лицето. Велат дека во текот на пандемијата ова појава видно се зголемила и додаваат дека најчести жртви се жените, а најмногу младите девојки. За ова, полицијата на Северна Македонија  во соработка со полиција на Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, ја започна кампањата „Кажи не“, која има за цел борба против сексуалната злоупотреба на интернет.

Сличен случај беше и случајот  „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграма“ која откри дека групата споделува фотографии и видеа од девојки, меѓу кои имаше и малолетнички, а групата броеше околу 8.000 членови, а беа објавени околу 800 приватни видеа и фотографии. МВР уапси 6 лица кои ја предводеа оваа група и судот ги осуди на 3 години затвор.