Се одржа и третиот настан од проектот „Заеднички Темели“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 04.08. во дворот на ТВ 21 се одржа и третиот настан од серијалот настани од проектот „Заеднички Темели“. Овој проект е на тема: „Промоција на духот и културата на Албанската нација во креирањето на РСМ од нејзиното постоење до сега” и претставува дел од прославата на 30 годишнината од независноста на Северна Македонија.

Настаните коишто се оддржуваа и ќе се одржуваат во текот на шестнеделниот проект во месецот кога се прославува 30 годишнината од независноста на Северна Македонија, опфаќаат теми од книжевноста, филмот и театарот, јазикот, ликовната уметност и албанската традиција и соживот.



Настанот којшто се одржа изминатата недела беше на тема: „Трагот и белегот на албанската ликовна уметност од осамостојувањето до денес“, на кој беше беше промовиран третиот краток документарен филм на тема: Ликовна уметност, во кој се појавуваат истакнати дејци од ликовната уметност кој дале значаен придонес за албанската нација во Северна Македонија. Настанот беше заокружен со мала коктел забава, на кој присутните уживаа во изведбите на истакнати музичари од македонската сцена.



Следниот настан ќе се одржи оваа среда, на 11.08. во 18 часот во дворот на ТВ 21 и ќе биде на тема: „Јазик- Трагот и белегот на Албанската книжевност од осамостојувањето до денеска“, а краткиот документарен филм од настанот ќе можете да го проследите во петок (13.08) во 11:00 часот на ТВ21.