На веб страницата на Белата куќа беше објавено соопштение по драматичната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски.
Во соопштението стои дека Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс секогаш ќе се залагаат за интересите на американскиот народ и никогаш нема да дозволат да се искористи.
„Претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс секогаш ќе застанат во одбрана на американскиот народ и оние кои го почитуваат местото на Соединетите држави во светот и никогаш нема да дозволат американскиот народ да биде експлоатиран“, пишува во соопштението.
Тие велат дека на средбата Зеленски признал дека ситуацијата во Украина може да доведе до „трета светска војна“, која би ја загубиле без помош на САД.
„Третата светска војна би можела да започне во Украина, да продолжи во Израел и оттаму да се пресели во Азија, а потоа да експлодира на друго место“, рече Зеленски, се додава во соопштението.
Исто така, стои и дека повеќе од половина Украинци сакаат брз крај на војната.
