Се огласи Шолц за терористичкиот напад: Се случи нешто страшно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Извештаите од Магдебург сугерираат дека се случило нешто страшно. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц по нападот во Магдебург.

„Ние стоиме со нив и со граѓаните на Магдебург. Благодарен сум на спасувачите и нивната работа во овие тешки моменти“, објави германскиот канцелар на „Икс“.

Според информациите на Билд, во нападот загинале најмалку 11 лица, а 80 се ранети.