Се отвори границата со Србија без ПЦР тест, граѓаните веднаш тргнаа кон Прешево кај своите роднини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем број граѓани се израдуваа на веста дека можат да патуваат во Србија без ПЦР тест. За ТВ21 велат дека веќе 6 месеци се немаат видено со нивните роднини кои живеат во Прешевската долина. Од Министерството за внатрешни работи велат дека до 12 часот напладне границата ја поминале 1.584 граѓани.

-Граѓаните на Северна Македонија од денеска ќе можат да патуваат во Србија без ПЦР тест. Здравствените власти донесоа ваква одлука откако заклучија дека таа нема да предизвика ширење на коронавирус, иако на почетокот на пандемијата ги затворија границите-вели репортерката на ТВ21.

Повеќето граѓани кои ги сретна екипата на ТВ21 на Граничниот премин „Табановце“, велат дека тргнале кон Прешево во посета на нивните блиски.

-Каде одите?
-Во Прешево.
-Кај роднини?
-Да.
-Колку време немате отидено?
-Веќе 2 месеци.
-Дали ви недостигаше да ги видите роднините?
-Секако да.

-Немавме потешкотии, само што не патувавме. Не патувавме многу.

Одлуката ја донесе српскиот Претседател Александар Вучиќ на средбата за „Мини-шенген“ заедно со нашиот премиер Зоран Заев и на Албанија, Еди Рама, каде ја донесоа одлуката за целосно укинување на ПЦР тестовите меѓу овие три земји. Инаку, државјаните на Северна Македонија не можат да влезат во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција и Бугарија без да приложат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа.