Се отвори здружението „Еду Лумина“ – ќе служи за слепи лица и лица со посебни потреби

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Здружението „ЕДУ ЛУМИНА“ е новоформирано здружение за слепи лица и лица со други посебни потреби. Ќе има за цел да ги вклучи овие лица во образовни, технолошки, мотивациски, социјализациски и едукативни активности. Основачот на ова здружение Фисник Селими вели дека првично очекува да има околу 50 членови, а во иднина оваа бројка да се зголемува. Секој може да се придружи и да придонесе.

„Денеска е важен ден. Успеавме да го отвориме здружението Еду Лумина која функционира за лицата со посбни потреби и други различни потреби. Со еден збор ќе биде инклузивно здружение. Начелно ќе служи инклузивно за социјализација на лицата со посебни потреби. Ќе се занимава со образовни, едукативни и технолошки активности, и разни активности за инспрација, интегрирање и мотивација“, вели Фисник Селими.

Додека бевме кај Еду Лумина се запознавме со младиот Алдин Мурати од Куманово. Не му било тешко да дојде во свеченото отворање кај неговиот пријател Фисник. За ТВ21 раскажа за тешкотиите со кои се соочува во неговиот град Куманово.

„Нема услови. Нема воопшто услови. Јас од дома и во населбата излегувам сам. А во улиците кои не ги знам не одам. Доколку излезам тогаш одам или со родителите или со браќата“, вели Алдин Мурати.

-Дали одиш на училиште?

„Да, во Скопје, Кисела Вода“.

-Кој те носи?

„Тато и Мама“.

-Дали државата ти ги покрива патните трошоци?

„Превозот, само парите за превоз“.

Се запознавме и со асистентот на Фисник, Исмет Селмановиќ. Тој е ангажиран од Црвениот крст и има обврска да му помогне на Фисник за неговите дневни потреби надвор од домот.

Како за слепите лица или лицата со оштетен вид, така и за другите лица со посебни потреби, главна пречка продолжуваат да бидат тротоарите зафатени со стока и автомобили, недостигот  дигитални патеки и сигнализација на семафорите, а често се случува и во јавните институции дека нема лифтови, или да се вон функција.