-Се закануваа по безбедноста. На ова момче овде. Ја скршија вратата овде, ја скршија задната врата, г. Биљал со неговите луѓе, потоа влегоа внатре“
-Не сум користел насилство, и нема да користам. Спиновите и шпекулациите што ги прават другите, нека им се алал“, рече Касами.
Со кршење и демолирање на седиштето се поделија во 2018. А денеска по 5 години си подадоа рака со заедничка фотографија на социјалните мрежи ја објавија нивната соработка.
-Причината е многу едноставна, тоа е барање на граѓаните. Граѓаните се изморија од 20 години неуспешно владеење на ДУИ и бараат решение и ние покажавме како политичка партија и покрај недоразбирањата што ги имавме во минатото ако е во прашање интересот на граѓаните, ние се надминуваме себеси-изјави Касами.
Од Алтернатива во соопштение за медиумите рекоа дека причината за оваа соработка е артикулација на гласот на албанската опозиција во земјава, штитење на стратешките интереси за интеграција на земјава, етничките интереси на Албанците и другите граѓани воопшто.
„Наоѓајќи се во важна пресвртница, кога процесот на интеграција е во застој, кога политичката корупција стана единствениот успех на оваа влада, додека правата на етничките Албанци повторно се ставаат на неповолни размери, историскиот момент наметнува дека сите албански политички сили, и не само политички, да соработуваат за делегитимирање на оваа корумпирана, неспособна и штетна власт за интересите на државата и на Албанците.“, соопштија од Алтернатива.
Касами рече дека се во тесна комуникација со другите незадоволни групи од ДУИ, Алијанса за Албанците и други политички субјекти.
