Се подготвува салата „Борис Трајковски“ – утре стартува имунизацијата на старите лица над 77 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Течат и последните подготовки…
Ова се просториите каде ќе се вакцинираат граѓаните, а тука ќе се чека ред…

„Во салата „Борис Трајковски“ течат последните подготовки за од утре да почне имунизацијата на граѓаните“, вели репортерот на ТВ21.

Вакцинацијата ќе ја спроведува медицинскиот кадар од Здравствен дом-Скопје, а првите кои ќе ја примат вакцината „Астра Зенека“ се граѓаните над 77 годишна возраст.

„Министерството за здравство ја информира јавноста дека од утрово Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, започна со дистрибуција на вакцината „Астра Зенека“ до здравствените установи низ државата, каде почнувајќи од утре, ќе се одвива вакцинација на лица над 77 годишна возраст. Националниот систем Мој Термин од синоќа од 19 часот ги отвори термините преку кои матичните лекари закажуваат вакцинација на граѓани кои се опфатени во првата фаза и спаѓаат во групата 1Б, од Националната стратегија за ковид имунизација“, велат од Министерството за здравство. 

Масовната имунизација против Ковид-19 стартува утре во здравствените центри во целата земја и тоа со граѓани над 77 години. Тие треба да бидат повикани од матичните лекари кои пак ќе им ги информираат за терминот и местото за вакцинација.

Пунктовите за вакцинација ќе работат во две смени, а ќе бидат отворени од 8 до 20 часот, од понеделник до петок.