Се подготвуваат нови мерки?! Во недела да не работи ништо, а кафулињата до 22 часот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според информации кои ги објави порталот ФАКТОР, Комисијата за заразни болести размислува да предложи до Владата нови мерки поради зголемениот број на заразени со Ковид-19.

Како што дознава Фактор, се планира во недела да не работи ништо, а останатите денови угостителските објекти да работат само до 22 часот.

Ова следува откако вчера имавме втор рекорд на заразени со коронавирус од почеотко на епидемијата.