Се помалку донатори во политичките партии – ДУИ најскромна, СДСМ со 60 донатори, а ВМРО-ДПМНЕ со двојни уплати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Главна медицинска сестра, менаџер, полициски службеници се само дел од 60-те донатори на СДСМ во првиот круг од изборната кампања. Интересно е што дури 46 од нив, тоа го сторите на последниот ден пред започнувањето на изборниот молк, а тоа се и највисоките уплати.

Кандидатот за Охрид Константин Георгиевски имал најдарежлива рака, па на наменската смета за донации во СДСМ уплатил 185.000 денари, тоа е и максимумот кој може да се донира.

Донатори: 60
Вкупно донирани средста: 78.000 евра
Најмал уплатен износ: 20.000 денари
Најголем уплатен износ: 185.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ немаат донатори на изборната сметка, но имаат решение како лимитот од 3.000 евра да го прескокнат. Донаторите парите ги уплаќале на партиската сметка, а потоа од штабот парите се префрлале на изборнат сметка, а тоа се над 143 илјади евра.

Уплта на 8-ми октомври: 9.500 евра
181.000 евра префрлени од партиската на наменската сметка
500.000 евра неискористени буџетски пари

Кандидатката пак која ја поддржуваат, Данела Арсовска од 62 луѓе и 4 фирми добила 150.000 евра, а и има и такви кои донирале по два пати иста сума.

ДУИ најскромни. Не пријавиле донации во пари. Само услуги, и тоа во вредност од 42 илјади денари, кои ДУИ си ги дала самата себе, а ги добила и од партиско-истражувачкиот политички центар „Абдулаќим Адеми“.

Димитар Апасиев на Левица ѝ донирал 60.000 денари, а донирале и двајца други кои вкупно дале 1.600 евра. Партијата повлекла и 8.000 евра од партиската сметка.

Алијанса за Албанците и Алтернатива добиле 2 илјади евра само од двајца донатори, но затоа си префрлиле 38 илјади евра од партиската сметка.

Слично е и кај Беса. Немаат донатори, но префрлиле од донаторите на партиската сметка, и тоа над 53 илјади евра.

ДПА добила „симболични“ 1.500 евра од тројца донатори.

Има и политички партии кои не доставиле извештаи до Ревизија и Антикорупциска, па сега се бара од ДИК на 84 учесници во изборите да им се запрат буџетските пари. Наменската сметка, партиите ја затвораат 45 дена откако ќе бидат објавени конечните резултати, а до крајот на изборите треба да достават уште по два извештаи.