Се прават анализи за легализација на канабисот, ќе дозволи употреба на „трева“ за лична и медицинска употреба

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата ги води процесите кон легализација на канабисот. Работната владина група за подготовка на измените за легализација и користење на медицинските придобивки од канабисот, ги дефинираше термините декриминализација, легализација и депенализација. Но што подразбираат измените? Претседателот на здружението Билка кажа јасно и гласно дека со ова се легализира употребата на “трева“.


Дали ова ќе значи дека канабисот ќе може да се користи и на јавни места?

Од Влада информираат дека декриминализацијата подразбира поместување на фокусот на политиките од судскиот и полициски систем во здравствено-општествен систем.


„Декриминализацијата на употребата на канабисот подразбира елиминација на криминалот во врска со употребата на канабисот и поседувањето на канабисот за лична употреба. Декриминализацијата подразбира поместување на фокусот од судско полицискиот систем во здравствено –општествен систем“ истакнаа од Влада.


Подготовката на новиот закон за канабисот за лична и медицинска употреба ќе се базира на искуството на странски земји кои имаат искуство во овој правец.

На владиниот состанок на работната група за канабисот учествуваа претставници од МЗ, Министерството за правда, МВР, Кабинетот на Премиерот, здружението на токсиколози, педијатри, Студентското собрание на Факултетот за Фармација, Хелсиншкиот комитет, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Коалицијата Маргини, Здружението Операција Слобода, Здружението за канабис и зелени политики Билка.