Се прави нова улица за влез на Инфективната клиника

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ситуацијата со коронавирусот придонесе да се прави нова улица за влез на Инфективната клиника во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Пред два дена се почна со изградба на два коридори, пренесува СДК.МК.

„По барање на Министерството за здравство, започнавме со изградба на два коридори. Се прави уште една лента на главниот влез на Клинички центар за возила на Брза помош и нова улица зад Инфективната клиника, со што ќе се добие уште влез. До недела улицата ќе биде пробиена и тампонирана, а од понеделник ќе почнеме со асфалтирање“, вели градоначалникот Петре Шилегов.